Работник почина во несреќен случај во фабрика во Куманово

319

Работник почина откако утрово бил погоден во градите од метално парче од алат со кој работел во Фабриката за заварени цевки и профили во Куманово, соопштија денеска од МВР.

Според привичните информации на полицијата во несреќата се случиула во 8 часот утрово. Вработениот со иницијали Б.В починал на пат кон болницата.

Од МВР информираат дека се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.