Работник во фабрика видел Сириец кој се криел, па пријавил во полиција

428

Вчера во Полициската станица Гостивар, И.В. пријавил дека во кругот на фабрика во неговото товарно моторно возило со полуприколка, при растовар на материјали пронашол непознато лице кое се претставило дека е од Сирија.

Од полициски службеници излезено било на местото на настанот по што лицето било приведено во полициска станица и истото не поседувало никаков документ за идентификација, а се претставил како М.Х.(20) од Сирија.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, велат од МВР.