Пукањето на Матка било од сигнален пиштол, кривични пријави за седум лица

168

Скопската полиција поднесе кривични пријави против седуммина скопјани на возраст од 47 до 23 години поради инцидентот и пукањето кои неодамна се случија на платформата за чамци кај кањонот Матка.

Седумтемина се товарат дека сториле кривично дело насилство, казниво по член 386 од Кривичниот законик.

Како што информираат од МВР, на 9 мај околу 15.10 часот пријавените пристигнале на платформата за чамци во кањонот Матка во сопственост на тројца скопјани.

Веднаш потоа, првопријавениот од групата (40-годишник), физички нападнал еден од сопствениците, додека четвртопријавениот (25-годишник) му се заканувал со нож.

Потоа, 23-годишник од групата на седумтемина осомничени физички нападнал уште еден од сопствениците.

Во тој момент се вмешал полициски службеник, кој се обидел да ги раздели и да ја смири ситуацијата, но првопријавениот од пиштол за светлосно-звучна сигнализација испукал еден проектил кон сопственикот на платформата кој претходно го нападнал.