Пукано врз вработена во маркет во Чаир

1674

Вооружен напаѓач денеска отворил оган врз вработена во маркетот „Кипер“ во Чаир, соопшти полицијата.

Според истиот извор, машко лице пукало во вработената А.Ѓ., а случајот во полиција го пријавиле вработени во маркетот кој се наоѓа на улица Кемал Сејфула.

Полицијата работи на расчистување на случајот.