Пукал со автоматска пушка по расправија со соседот

191

Во попладневнитге часови иа 29 ноември во тетовското село Челопек полицијата го уапсила 24-годишниот М.М. бидејќи при претрес во неговиот дом и помошни простории биле пронајдени и одземени автоматска пушка со калибар 7,62 милиметри, неколку празни рамки и чанта со марихана.

Претходно, 24-годишникот по меѓусебна расправија со неговиот сосед Н.Р.(47), со автоматска пушка испукал еден куршум во воздух.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Тетово, при што на местото била пронајдена една чаура калибар 7,62 мм.

Тој бил приведен и задржан во полициската станица во Тетово.

По целосното документирање на случајот, на М.М. ќе му биде изготвен соодветен поднесок, со кој денеска ќе биде изведен пред судија во претходна постапка на Основниот суд Тетово.