Пронајден кокаин кај 29-годишна скопјанка

690

Дваесет и деветгодишна скопјанка, со иницијали Р.Е., била уапсена утрово околу три часот покрај автопатот Гостивар – Тетово, информира МВР.

-На 30.05.2019 година околу 03.00 часот во угостителски објект, во кој била  спроведена акциска контрола, покрај автопатот Гостивар-Тетово, во непосредна близина на Неготинска клучка, полициски службеници  ја лишиле од слобода Р.Е.(29) од Скопје- соопшти МВР во дневниот билтен.

По целосното документирање на случајот, против неа ќе биде поднесен соодветен поднесок, велат од МВР.