Пронајдени 44 мигранти сокриени во куќа во Ваксинце

68

Вчера во 06.40 часот, полициски службеници од Полициско одделение Матејче, презеле мерки за пронаоѓање на Ф.Ќ. во неговиот дом во селото Ваксинце бидејќи имало распишано потерница за негово апсење за издржување казна затвор.

Тој не бил пронајден дома, но во помошните простории во неговиот дом, при преглед биле пронајдени 44 лица мигранти (25 од Пакистан, 14 од Авганистан, три од Бангладеш и две од Сомалија). 16 од пронајдените мигранти се малолетни лица. Бил извршен увид и за настанот бил известен и јавен обвинител, по чија наредба мигрантите се пренесени во Транзитниот центар „Винојуг“ – Гевгелија. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти полицијата.