Во делчевското село Град, во месноста Суви дол, полицијата пронајде насад со 112 стебла „канабис сатива“.

Стеблата се со висина од 75 см до три метри.

Стеблата се подигнати за вештачење, а се преземаат и дополнителни мерки и активности со цел расчистување на случајот.