Пронајдени кокаин и хероин кај патници во автобус на ГП Табановце

539

На граничниот премин „Табановце“ синоќа во 22.30 часот полициски и царински службеници извршиле преглед на патници и автобус „Мерцедес“, сопственост на правно лице од Струга, при што пронашле и одзеле околу 79 грама кокаин и околу 350 грама хероин.

МВР денеска соопшти дека поради сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“, од слобода биле лишени патниците Ф.Г.(42) од Република Албанија, Д.М.(21) од Босна и Херцерговина и Д.П.(42) од Република Србија. Тие биле предадени во Полициската станица Куманово за понатамошна постапка.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.