Пронајдени две вреќи со марихуана

106

МВР денеска соопшти дека на 04.02.2019 година во 14.30 часот во близина на Граничен премин „Свети Наум“, при преглед на терен на место викано „Колиби“, полициски службеници пронашле две вреќи во кои имало марихуана.

Увид на местото извршила екипа од СВР Охрид, а марихуаната била предадена на вештачење. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.