Пронајдена рачна бомба под покривот на црквата „Свети Ѓорѓија“ во село Дупјани

249
Фото: Зоран Антоски

При санација на покривна конструкција на црквата во село Дупјани, пронајдена е рачна бомба остаток од Втората светска војна. На местото на настанот излегле претставници на Дирекцијата за заштита и спасување, ПО Кичево и претставници на ОВР Кичево. Рачната бомба е безбедно пренесена на соодветна локација и ќе остане таму, се до нејзино уништување во наредната планска акција на ДЗС.

– При реконструкцијата на покривната конструкција на црквата „Свети Ѓорѓија“ во село Дупјани, Кичевско, пронајдена е рачна бомба остаток од Втората светска војна. По дојавата за пронајдена експлозивна направа, излеговме на самото место рачната бомба ја дислоциравме и ја пренесовме на безбедна локација, каде ќе остане со останатите убојни средства собрани во југозападниот дел од земјава, се до нивното уништување во наредната акција што ќе ја спроведеме на воениот полигон Криволак, во текот на оваа или наредната година – истакна Драгољуб Попоски, пиротехничар од ПО на ДЗС Кичево. З.А.