Пронајдена мртва жена во Тиквешко Езеро

333

Мртва жена била пронајдена во Тиквешко Езеро, информацијата ја потврди за МИА Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

Според првичните информации, телото било пронајдено во месноста Голеш.

Додевски рече дека увидот на местото трае и најави повеќе детали утре.