Пронајдена минофрлачка граната од Првата светска војна

137
Фото: Илустрација

Прилепчанка пријавила дека во дворот пронашла неексплодирана граната, информира МВР.

Полициски службеници излегле на местото, а пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување констатирал дека се работи за минофрлачка граната од 75мм, која потекнува од Првата светска војна.

Гранатата била подигната за понатамошна постапка.