Пронајдена марихуана при проверка на пакет во прилепскиот затвор

35

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп поднесе кривична пријава против Б.С.(40) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги и психотропни супстанци и прекурсори“. 

На 18 декември 2018 година во Прилеп, во Казнено-поправната установа „Затвор – Прилеп“, при преглед на пакет наменет за пријавениот била пронајдена и одземена марихуана.