Пронајдена марихуана при претрес во возило

78

Полициски службеници од СВР Тетово запреле возило со гостиварски регистарски ознаки, при што е пронајдена марихуана, информира МВР.

-На 16.05.2019 година околу 22.10 часот на локалниот пат што ги поврзува тетовските села Горно Седларце и Синичане, полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово запреле патничко возило „Опел корса“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Ј.Е.(31) од Голема Речица, во кое се наоѓал и Т.Х.(38) од Тетово. При нивен преглед била пронајдена марихуана. која Т.Х. се обидел да ја фрли- соопшти МВР.

Тие биле лишени од слобода и задржани во Полициската станица Тетово, а по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.