Пронајдена граната од Првата светска војна во Македонски Брод

121

Граната од Првата светска војна била пронајдена во двор на куќа во Македонски Брод.

Според информациите на МВР, вчера во полиција, В.С.(44) од Македонски Брод пријавил дека во двор на куќа, при изведување на градежни работи, била пронајдена граната калибар 75 мм од Првата светска војна.

Гранатата е отстранета од екипа од Полициска станица Македонски Брод. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.