Пронајдена бомба при ископ во Зоолошка градина

360

Додека се вршелo ископ на земја во кругот на Зоолошката градина во Скопје, била пронајдена експлозивна направа. Известена била Единицата за антитероризам, а од стручно лице од Дирекцијата за заштита и спасување експлозивната направа биле подигната за понатамошна постапка, информира МВР.

– Точно, пронајдена беше експлозивна направа. Бомбата ја најдоа вработените додека ја средуваа градината. Среќа што беа внимателни и што градината е затворена за посетители. Пријавивме веднаш во полиција, дојдоа вработените лица од антитероризам и ја зедоа за понатамошни испитувања – вели директорот на ЗОО Скопје, Ѓорѓи Галетановски.