Пронајдена артилериска граната од Првата светска војна

126

При изведување на градежни работи во близина на црквата во село Трново, Битолско, била пронајдена неексплодирана артилериска граната од Првата светска војна.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Битола, а од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување гранатата била безбедно подигната.