Продолжува судењето за „Тенк“

473

Во Кривичниот суд за денеска е закажано ново рочиште за предметот на СЈО „Тенк“, што се однесува за набавката на луксузниот мерцедес од 600 илјади евра.

Одбраната за денеска треба да ги обезбеди двајцата сведоци Дејан Митревски – Урко и Зоран Василевски кои не дојдоа во Судот на претходното рочиште, а ќе се чита и наодот од двајца вештаци.

На претходното рочиште одржано пред два дена сведочеа осум сведоци предложени од одбраната, кои посочија дека набавката на новиот „мерцедес“ била неопходна, бидејќи старото возило често останувало во дефект и не било безбедно за превоз на „вип“ личности.

Во „Тенк“ обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и поранешниот помошник министер во МВР Ѓоко Поповски. Пред две рочишта Судот донесе одлука да ја раздвои постапката за Јанкулоска поради „ризична бременост“.