Продолжува судењето за „Рекет“, ќе сведочат Камчеви

137

Бизнисменот Орце Камчев и неговата сопруга Ана Камчева денеска треба да се појават во Кривичниот суд во Скопје како сведоци на Обвинителството за случајот „Рекет“, во кој се обвинети поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева и Бојан Јовановски-Боки 13.

На првото рочиште за „Рекет“, што се одржа на 3-ти овој месец, третообвинетиот Зоран Милески-Кичеец беше осуден на три години затвор откако призна вина за случајот и предметот за него беше одвоен од оној против Бојан Јовановски-Боки 13 и Катица Јанева.

Милески има право на жалба до Апелацискиот суд само во делот на висината на казната. Во издржувањето на казната ќе му биде пресметано и времето поминато во притвор и куќен притвор започнувајќи од 15.7.2019 година.

На денешното рочиште за „Рекет“ од домашен притвор треба да биде донесена второобвинетата Катица Јанева, а првообвинетиот Бојан Јовановски од КПУ Затвор – Скопје каде што е во притвор.