Продолжува рочиштето по жалбата за екстрадиција на Грујевски и Бошковски

582

Продолжување на рочиштето по поднесената жалба за екстрадиција на Горан Грујевски и Никола Бошковски е закажано за денеска во Врховниот суд во Атина, откако на 9 март, беше прекинато поради правни прашања.

Рочиштето минатиот месец се одржа зад затворени врати, по барање на тимот од двајцата грчки адвокати на Грујевски и Бошковски. Ваквото барање до шесточлениот совет на судии и обвинителот, адвокатите го образложија со тоа дека станува збор за политички прогон и се обвинети за политички криминал (нешто со што тие како одбрана не се согласуваат) објаснија дека во исказот што ќе го дадат има прашања кои што се доверливи, кои што не се за во јавност, со оглед на тоа дека рочиштата не се јавни и никој не знае кој сѐ се наоѓа во судницата. Безбедноста на нивните клиенти беше уште еден од аргументите на адвокатите.

Образложија дека исказите што ќе ги дадат се однесуваат на политички случај, со прислушувањата по кои имаше политички пресврт и промена на власта.