Продолжен притворот на Катица Јанева

388

Судот ѝ го продолжи притворот на поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева, која е осомничена во случајот „Рекет“ на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција.

Јанева е во притвор од 21 август. Со денешната одлука, таа останува во затворот во Шуто Оризари уште нови 30 дена.

Во однос на поднесениот предлог од одбраната на Јанева за укинување на мерката притвор и определување поблага мерка за обезбедување присуство со понудена гаранција доставена до судија на претходна постапка, од Основниот кривичен суд соопштија дека истиот е испратен на мислење кај надлежен јавен обвинител, а по донесена одлука на судот, странките и јавноста ќе бидат дополнително известени.

Минатата недела судот им го продолжи притворот за уште 30 дена и на Бојан Јовановски – Боки 13 и Зоран Милески – Кичеец, кои, исто така, се осомничени во случајот „Рекет“.