Проблематично слетување на скопскиот аеродром, еден повреден

2881
фото илустрација

Едно лице е тешко повредено кога авион при слетување на скопскиот аеродром влегол во турбулеции, соопшти МВР.

Според истиот извор, повредениот со иницијали В.К. бил вработен како стјуард во авиокомпанија, а во моментот кога авионот се подготвувал да почне со слетување, леталото влегло во турбуленции, а стјуардот паднал на подот и тешко се повредил.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.