При претрес на куќа во Тетово пронајден кокаин и шише со непозната течност

58

На улицата „Маршал Тито“ синоќа во Тетово, полициски службеници извршиле претрес во просториите во кои престојувал П.Ц.(40) од Загреб, Република Хрватска, a со него биле затекнати и С.И.(25) од Тетово и Н.З.(28) од селото Вруток, гостиварско.

МВР јави дека при претресот на една од масите била пронајдена една најлонска кеса со кокаин, едно пластично шише од 0,5 литри со непозната течност и други предмети со остатоци од кокаин.

Лицата биле лишени од слобода и приведени во СВР Тетово, а по целосно документирање и расчистување на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.