При обид за кражба, момче се здобило со висок степен на изгореници

388

Момче на возраст од 20 до 25 години се здобило со висок степен на изгореници по телото при обид за кражба што се случила денеска околу 13 часот на железничката станица во Трубарево. Момчето со возило на итна помош било пренесено во болница.

Движејќи се по пруга, момчето се качило на шинско возило за одржување на контактната мрежа која била оставена на електрифициран колосек и по доближувањето во опасна зона на контактнта мрежа го погодило струја.

Момчето се здобило со висок степен на изгореници по телото.

Случајот е пријавен во полиција која работи на целосно расчистување на случајот.