Пријави против четворица велешани поради обид за убиство на полицајци

99

СВР Велес поднесе кривична пријава против Џ.К.(32), М.К.(33), О.К.(29) и 15-годишен малолетник од Велес, поради постоење основи на сомнение дека првопријавениот сторил кривични дела напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста и убиство во обид, поради постоење основи на сомнение дека второ и третопријавениот сториле кривични дела напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста и помагање во врска со убиство во обид и поради постоење основи на сомнение дека четвртопријавениот сторил кривично дело спречување службено лице во вршење на службено дејствие.

На 02.02.2020 пред црквата „Св. Спас“ во Велес, пријавените физички нападнале полициски службеници, кои извршувале службени дејствија – спречување и откривање на сторители на кривични дела кражби и тешки кражби на дрзок начин. Притоа, Џ.К. му го одземал службениот пиштол на еден од полициските службеници и испукал кон него три куршуми, нанесувајќи му прострелни рани, додека малолетното лице го спречувало другиот полициски службеник во вршењето на службените дејствија.