Пријава против крадец од Тетовско кој препордавал украдени апарати за домаќинство

79

Секторот за внатрешни работи Тетово ќе поднесе кривична пријава против Р.А.(32) од село Одри, Tетовско, поради постоење основи на сомнение дека извршил пет тешки кражби, една тешка кражба во обид и една кражба.

Р.А. се сомничи дека во мај и јуни оваа година насилно влегувал во куќи во Одри и одземал различни технички производи, апарати за домаќинство и друго, кои подоцна ги продавал на други лица во Тетово и Tетовско, кои ќе се товарат за сторено кривично дело прикривање. Најголемиот број од одземените предмети и опрема се пронајдени и им се вратени на сопствениците.