Притвор за скопјанец кај кого била најдена половина килограм марихуана

161
Фото: Игор Бансколиев

Oсновното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

Осомничениот 23-годишен скопјанец, во домот во кој престојувал, држел наркотична дрога марихуана во вкупна нето количина од 486,04 грама, спакувана во повеќе полиетиленски пакувања со различна грамажа, како и едно полиетиленско пакување со 4,04 грама психотропна супстанција – амфетамин. Дрогата била пронајдена при претрес на 24 април, при што биле одземени и две дигитални ваги.

Надлежен јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави Предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, поради околности кои го оправдуваат стравот дека тој би можел да се даде во бегство или да го повтори делото.​