Притвор за двајцата насилници кои тепаа девојче во Штип

221

Судот определи притвор за тепачите кои малтретираа девојче во Штип. Тие ќе останат во притвор осум дена, додека Овинителството да донесе одлука дали ќе поднесе обвинение против нив. Тие се гонат за кривичното дело насилство.

Осумдневниот притвор е максимален што може да се определи за двајцата штипјани, бидејќи за делото за кое се сомничат, предвидена е казна затвор до пет години.

Осомничените во текот на јануари 2020 година, според доказите собрани од Обвинителството, заедно извршиле грубо насилство над оштетената, на начин што отишле во куќата каде престојувала и започнале да ја навредуваат и удираат со тупаници и шлаканици во пределот на лицето и главата.

– Со влечење ја однеле во влез на станбена зграда каде продолжиле со вршење на насилството. Додека го вршеле грубото насилство, осомничените снимале со мобилен телефон, со кои дејствија кај оштетената и во јавноста предизвикале чувство на несигурност, загрозување и страв – соопштија од обвинителство.

Притворот за двајцата насилници е определен по барање на Обвинителството.