Притвор за Бугаринот кој се обиде да шверцува мигранти на Табановце

115

Судот му определи 30-дневен притвор на бугарскиот државјанин кој се обиде да шверцува мигранти преку граничниот премин Табановце.

Царински службеници при преглед на товарно возило „форд транзит“ со бугарски национални ознаки, откриле мигранти во покривниот дел од возилото, во наменски приспособен простор.

Од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција сооштија дека мигрантите се по потекло од Ирак, а Бугаринот ги презел од Солун со намера да ги превезе илегално кон западноевропските земји.

-Осомничениот во текот на вчерашниот ден од користољубие, илегално пренесувал осум лица – мигранти со потекло од Ирак. Тој, со комбе марка „форд транзит“ со бугарски регистарски таблички, со цел илегално да ги превезе до западно европските земји ги прифатил мигрантите во Солун. Во импровизиран бункер во кровниот дел на возилото ги сместил во легната положба и поминувајќи го граничниот премин Богородица, преку автопатот Е 75 пристигнал на граничниот премин Табановце“-се вели во соопштението од ОЈО.