Притворен гостиварец кој се обидел да силува 22-годишна девојка

213

Надворешната канцеларија Гостивар поднесе кривична пријава против Х.Л. (26) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,силување во обид”.

-На  03.12.2017 година околу 03.20 часот во близина на кафетерија на улица „Браќа Гиноски” во Гостивар, пријавениот со употреба на физичка сила се обидел да изврши други полови дејствија над Е.Г.(22) од Гостивар, при што и нанел телесни повреди и и ја одзел чантата-соопшти МВР.

Судија на претходна постапка на пријавениот му определи мерка притвор од 48 часа.