Прилепчанец повикувал да се запалат повратниците од странство сместени во Битола

857

Битолската полиција по спроведените опсежни истражни мерки откри дека по сместувањето на повратниицте од Малта во хотелот „Трудбеник“ кој работи во составот на Епинал, во Битола, четириесет и двегодишен прилепчанец на својот Фејсбук профил повикувал лицата, донесени и сместени во хотелот, да бидат запалени и убиени.

Прилепчанецот на Фејсбук објавил фотографија од автобуси кои превезувале македонски државјани пристигнати од странство и биле сместени во хотелот „Трудбеник“ во центарот на Битола.

За таквата своја постапка СВР Битола поднесе кривична пријава против Ј.Ф., поради „ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“.

М.М.