Прилепчанец осомничен за убиство од небрежност при лов

409
Фото: Илустрација

Прилепчанецот П.С. (50) е осомничен за убиството на Ѓ.К. (25), што се случи при лов на дивеч во близината на Витолиште, Мариово. Како што информираат од ОЈО Прилеп
против С.П. во согласност со КЗ, е поведена постапка за убиство од небрежност. Истрагата е во тек.

Како што информираа од СВР Битола, немилиот настан во кој загина 25 годишното момче се случи во неделата во месноста Отин, кај Витолиште, Мариово. Поголем број лица биле на лов на дивеч во Мариово. Ловџиите заминале на организиран лов утрото. Во еден момент осомничениот видел дека во ниско стеблестата шума има движење и помислил дека е дивеч и пукал. Испукал неколку пати. Потоа било забeлежано дека е повредено лицето Ѓ.К., кое имало три влезни рани во телото. Од повредите момчето починало на лице место.

Според наши сознанија, убиеното момче било од Голема Горица, а подолги години живеело во Прилеп. Во групата за организиран лов на дивеч бил и неговиот татко. Ка.М.