Прилепчанец осомничен за малтретирање животни

53

Прилепската полиција го привела М.М.(56) од Прилеп заради сомневање дека малтретира животно. Како што информираат од МВР со лицето е извршен разговор, и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „мачење животни” казниво по член 233 од Кривичниот законик на РМ.

Како што потенцираат од МВР во соопштението на 29 август во 19,00 часот во полициската станица Прилеп било пријавено дека околу 16,30 часот непознато машко лице малтретира животно на градскиот плоштад во Прилеп. Осомничениот истурил црвена боја врз куче и започнал да го влече за едната нога.

Ка.М.