Приведен старец за полови дејствија врз дете

101

Полициски службеници по пријава привеле старец и го задржале во Полициска станица Прилеп заради сомнеж дека вршел полови дејствија врз петгодишно дете.

Како што информираат од МВР вчера во 16,00 часот 23-годишна жена пријавила дека истиот ден околу 12,30 часот во Прилеп додека нејзината петгодишна ќерка си играла на улицата „Никола Карев“, С.Ч.(70) врз детето извршил полови дејствија.

Полицијата работи на расветлување на случајот.

Ка.М.