Приведен скопјанец поради кражба на мотор

91

Секторот за внатрешни работи Скопје, Единица за имотни деликти и малолетничка деликвенција, Одделение за имотни деликти и малолетничка деликвенција Центар и Бит Пазар до надлежното Основно јавно обвинителство во Скопје, поднесе кривична пријава против С.А. (26) од Скопје поради основи на сомнение дека извршил кривично дело „Одземање моторно возило“ (мотоцикл).

Министерството за внатрешни работи инфорира дека  С.А. кривичното дело го извршил на 12-ти април на  улица „11 Октомври“ во Градски трговски центар. Откако се уверил дека нема да биде забележан од никого,  со употреба на сила и погоден предмет ја исекол и скинал сајлата од задното тркало на паркираниот мотор, по што се упатил во непознат правец.

По преземени мерки и активности на 10-ти јуни лицето е лишено од слобода и во извршен разговор со него во целост го признал и појаснил извршувањето на кривичното дело.