Приведен скопјанец кој нападнал царински службеници на Табановце

98

Синоќа во 23.35 часот на граничен премин Табановце од слобода бил лишен А.И.(32) од с.Трубарево, скопско, поради тоа што ги омаловажувал и се обидел физички да ги нападне царинските службеници на граничниот премин.

За настанот бил известен јавен обвинител, а лицето било предадено на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка, соопшти МВР.