Приведен скопјанец баран со потерница

188

Полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка – Отсек за потрага постапувајќи по распишана потерница од Основен суд – Скопје 1, го привеле А.Б. (38) од Скопје за издржување на казна затвор од една година и два месеци во врска со чл.236 ст.1 од КЗ на РСМ. Тој ќе биде предаден на казнено поправна установа, информира МВР.