Приведен неготинец поради криумчарење мигранти

64

Триесетгодишен маж од Неготино е уапсен бидејќи во возилото кое го управувал превезувал мигранти. Тој бил фатен вчера утрото во близина на раскрсница кај с.Црвени брегови на регионалниот пат Неготино – Градско.

При негово запирање биле пронајдени три лица-мигранти од Бангладеш. За настанот е известен јавен обвинител и по негови насоки мигрантите се сместени во ПТЦ-Винојуг Гевгелија, додека пријавениот е предаден на полициски службеници од Полициска станица Неготино и против него ќе биде поднесена кривична пријава поради основано сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“.