Приведен маж од Крушево за криумчарење на мигранти

99

Триесет и шестгодишен маж од Крушево бил приведен вчера поради криумчарење на мигранти.

Како што соопшти МВР, на автопатот Куманово-граничен премин Табановце полициски службеници забележале запрено комбе со скопски регистарски таблички во кое имало мигранти и бегалци, од кои 42 од Пакистан, еден од Сирија и двајца од Авганистан, а возачот се дал во бегство, но подоцна бил пронајден во друго возило „Голф“ и приведен.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.