Приведен дилер од Бутел, имал девет ќеси со марихуана

84
Фото: Илустрација

Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје во периодот од 21 часот на 16 октомври до 2 часот на 17 октомври, по претходна судска наредба, извршила претрес во дом и други простории на подрачјето на Бутел, во кои престојувал 21-годишниот Н.А. од Скопје.

За време на претресот пронајдени биле девет ќеси со марихуана, па 21-годишникот бил уапсен и приведен во полициска станица за понатамошна постапка.

По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.