Приведен велешанецот што пукаше во полицаец

148

Полицијата денеска го приведе велешанецот Ѓ.К. (31) кој вчера пред црквата „Св.Спас“ во Велес пукаше кон полицискиот службеник Е.М.(46) откако му го одзеде службениот пиштол, соопшти Министерството за внатрешни работи. Тој и уште три лица, претходно, физички нападнале полициски службеници при преземање на службени дејства. Тројца од напаѓачите вчера беа приведени.

Од МВР наведуваат дека против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, по целосно расчистување на случајот.

Полицаецот во нападот се здоби со четири прострелни рани и е вон животна опасност.