Приведени три лица што се однесувале агресивно кон полициски службеници

149

Три лица синоќа биле приведени бидејќи се однесувале агресивно кон полициски службеници.

Како што информираат од полицијата, две од лицата се од селото Сингилиќ и се на возраст од 21 и 29 години.

Третото лице било приведено на улицата Рајко Жинзифов во Скопје, бидејќи под дејство на алкохол агресивно се однесувал кон полициските службеници и го нарушил јавниот ред и мир.

Се преземаат мерки за расчистување на случаите, велат од МВР.