Приведени крадци од Скопје, краделе во црквата „Св. Недела“ во Катланово

191

Полицијата денеска приведе две лица во скопското село Катланово, кои утрото извршиле тешка кражба во црквата „Св. Недела“ во Катланово.

– Денеска (23.11.2020) во с. Катланово – Скопско од страна на полициски службеници од Полициско одделение Петровец приведени се Д.Т. (46) и А.Н. (39), кои денеска меѓу 07 и 09 часот извршиле тешка кражба во црквата „Св.Недела“ во Катланово. По документирање на кривично правниот настан ќе биде изготвена соодветна кривична пријава до надлежното обвинителство – соопшти МВР.