Приведени двајца гостиварци кај кои била најдена марихуана

94

Синоќа на улицата „Боге Вељановски“ во Гостивар од страна на полициски службеници биле приведени Ш.А.(52) и Ќ.Ф.(47), двајцата од Гостивар.

При извршениот преглед кај нив биле пронајдени и одземени марихуана, шприц и семки од марихуана. По документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.