Приведена негувателката која тепаше дете во игротека во Скопје

1097

Жената којашто претепа дете во игротека, а беше пријавена од сопстеникот на кафулето „Дежаву“ е приведена од страна на полицијата.

На видео-снимката од безбедносните камери којашто беше објавена на социјалните мрежи се гледа како негувателката брутално го влече кон себе, го седнува во скут и му ја затнува устата на двегодишното дете. Потоа му удира шлаканици и го седнува спроти неа. По неколку минути негователката физички го малтретира детето под тобоганот.

Од полицијата информираат дека денеска околу 15:57 сопственик на угостителски објект пријавил дека претпладнето околу 11 часот при проверка на безбедносните камери на угостителскиот објект, забележал како женско лице во игротеката физички малтретира дете.

Утврдено е дека станува збор за 59-годишна негувателка која била ангажирана од семејство од Скопје за да се грижи за нивните три деца.