Пред домот на Јанева пристигна полициски камион за заплена на предмети

215

По половина час откако полицијата се врати да направи дополнителен претрес во домот на обвинителката Катица Јанева во Козле, пред нејзината куќа дојде и камион во кој неофицијално ќе се товари мебелот од околу 5 илјади евра што таа го добила од Орце Камчев за да му биде олеснета положбата во случајот „Империја“.

Според истрагата, Јанева стекнала 298.000 денари имотна корист, претежно во мебел и предмети.

Денеска, при претрес во СЈО ѝ бил одземен компјутерот на Јанева, а во текот на денот ќе се знае дали таа ќе заврши во истражниот затвор во Шуто Оризари.

Пред домот на Катица Јанева забележиво е и полициско присуство.