Прегазен пешак во Струга

228

Педесет и тригодишен пешак бил прегазен од автомобил во селото Подготци, Струшко. Несреќата се случила вчера, а со автомобилот управувал 27-годишник од струшкото село.

– Во незгодата пешакот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во болницата Св.Еразмо-Охрид. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Струга – велат од МВР.