Прегазен пешак во Прилеп, возачот избегал

82

Доцна синоќа во Прилеп патничко моторно возило удрило во четириесет и двегодишен пешак и избегал од местото на настанот. ОД МВР информираат дека настанот се случил во 23.30 часот на улица „Сотка Ѓорѓиески“.

-Патничко моторно возило непозната марка управувано од непознат возач удрило во пешакот А.П.(42) од Прилеп, по што возачот го напуштил местото на настанот. По незгодата А.П. бил пренесен во Општата болница во Прилеп каде од страна на лекар му биле констатирани тешки телесни повреди- велат од МВР.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Прилеп. Се преземаат мерки на целосно расчистување на случајот.