Прегазен велосипедист кај Хиподром

1219

Вчера околу 8 часот на локалниот пат Скопје-населба Илинден, во близина на Хиподром, товарно моторно возило “Мерцедес“ удрило во велосипедист.

Од МВР информираат дека со товарно моторно возило управувал Д.Д.(33) од Велес кој удрил во велосипед управуван од С.Ј.(71) од Скопје.

Во незгодата со повреди се здобила С.Ј. која со возило на Итна медицинска помош била пренесена во Градската општа болница “Свети Наум Охридски“ каде од страна на лекар и биле констатирани тешки телесни повреди и била задржана за понатамошно лекување.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Секторот за внатрешни работи СВР-Скопје.

Се работи на целосно расчистување на случајот.